Петар Печков
Објавено: петок, 20 јули 2018
Реката Бабуна не е повеќе за капење. Ова се однесува на делот од реката кои најчесто велешани го користат за рекреација и одмор. Информацијата е од ЈЗУ Центар за јавно здравје, каде се испитува водата наменета за рекреација од велешкиот регион.
Водата на реката Бабуна, според земени мостри од прва плажа е бактериолошки загадена и е од трета категорија. Затоа не се препорачува за капење. причина за тоа е блиската населба, големиот број куќи, од каде преку септичките јами, свињарските фарми се загадува водата - изјави прим. д-р Снежана Петрова, спец. по хигиена.
Според анализите што тие ги работат за капење и рекреација исправна е водата на езерото Младост и сите три базени од хотелите Романтик, Монтенегро и Гарденија. Водата на реката Вардар од влезот во Велес, кај мостот на Башино село се до излезот од Велес кај Долни дуќани, каде се мери квалитетот е во 4-та категорија и е забранета за капење, но и за наводнување и полевање. Одговарајќи на прашањето за реката Тополка, докторката кажа дека и таа е загадена.
Квалитетот на водата на реката Тополка не го мериме, бидејќи одамна е трета категорија и не е исправна за капење - рече д-р Петрова. Додаде дека водата на езеро Младост се испитува на пет места, трите плажи на влезот во правец од Велс, пред хотелот Романтик и мотелот ,,Бела вода,, при што уредени се само последните две плажи. .Податоците според кои се препораките на надлежните од ЈЗУ Центар за Јавно здравје Велес, се однесуваат за месеците мај и јуни.
Tweet |