речник контакт

Нивото на Вардар во Велес во опаѓање

Просекот за Велес во април е 130 а утрово 114 м3/сек. На почетокот од месецов се предупредуваше дека постои опаност од нови поплави

Петар Печков

Нивото на реката Вардар овој месец се движеше од висок водостој до под просек. Според мерењата на Хидрометеоролошкиот завод на Македонија имаше дел од месецот со натпросечно ниво, а последните денови тоа осетно опадна.

Така просекот за Велес во април е 130 метри кубни во секунда. Највисоката вредност е измерена на 20 април кога било 168 додека  најниското е осум  дена подоцна на 28-ми кога изнесувало  107,9 м3 во секунда.

Овие мерења се вршат во 7,30 часот претпладне.  Денес на 30-ти нивото ан вардар било 114 м3/сек. Причина за опаѓањето е престанокот на врнежите и ниското ниво на реката Пчиња која исто така го полни Вардар пред Велес. 

На почетокот од месецов се предупредуваше дека постои опаност од нови поплави.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »