Петар Печков
Објавено: среда, 13 јануари 2021
Откако вчера во 13 ч. нивото на реката Вардар во Велес се искачи на максимални 260 цм. вчера утро беше 240, потоа почна да опаѓа. Во 15,30 ч. според податоците на УХМР беше 250 а утрово во 7,30ч. изнесуваше 200 цм. За потсетување дека просекот за јануари е 82цм.
Со тоа се остварија најавите од УХМР дека високиот бран на водостој на Вардар треба да мине низ Велес во претпладневните и пладневни часови. Нивото на река Бабуна кај Богомила, денес утрово е 38 цм. откако пред два дена беше 100 цм а просекот за јануари е 14цм.
Во Велес ситуацијата е под контрола. Има мали излевања кај дел од шеталиштето на Кејот но без штети - соопштија од УХМР.
Од Центарот за управување со кризи информираа дека кај нив нема пријави за штети од високиот водостој на реките во велешко.
Реките Вардар, Тополка и бабуна со високиот водостој кој е резултат на обилните врнежи, не предизвикаа поплави во велешко, нема пријави од граѓани дека водата се излеала -кажаа од ЦУК Велес.
Метеоролозите најавуваат престанок на врнежите од дожд, но најавија врнежи од снег, кои треба да започнат од четврток вечер и да продолжат петок, пред се во западните делови од државата.
Tweet |