Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 јуни 2023
По рекордните годинава 208 цм од вчера, недела попладне, измерени во 16ч. УХМР утрово во 7,30 измери 190 цм на реката Вардар во центарот на градот. Со тоа за 18 сантиметри е отпадното нивото.
Според Центарот за управување со кризи нема пријави дека реката се излеала некаде во Велес и велшко, освен што го освои кејот. Патем просекот на реката Вардар за месец јуни во Велес е 75 цм.
Овие денови и реката Бабуна имаше зголемено ниво во Богомила. Тоа достигна максимум на 17 јуни, сабота кога изнесуваше 56 цм додека денес, понеделник 19 јуни е 40 цм. Просекот за јуни е 10 цм.
Tweet |