Петар Печков
Објавено: четврток, 08 јануари 2026
Нивото на реката Вардар низ Велес е во пораст. Вчера било 90 см, утрово во 7,30 140 см а попладнево во 15ч. 142 см. Ова е податоци од одделението за хидрологија при УХМР. Просекот за јануари е 86 цм. Ова зголемено ниво е резултат на обилните врнежи кои ја зафатија пред се Западна Макеоднија. Но се очекува дека нивото низ Велес да биде и повисоко, бидејќи северно нивото е осетно зголемено, пред се во Јагуновце. Големо ниво има и реката Треска.
Во текот на вчерашниот ден, недела за 24 часа во Велес наврнаа 15,4 литри на м2.
Високо ниво има и реката Бабуна низ Богомила, каде утрово се измерени 50 цм. наспроти 22 вчера а просекот за јануари е 15 см.
| Tweet |




