Петар Печков
Објавено: четврток, 26 јануари 2023
Нивото на реката Вардар во Велес е во опаѓање. ова ги кажуваат податоците на УХМР. Утрово во 7,30а во центарот на градот, Вардар бил 156 цм. што е за 26 пониско од вчера, кога беа измерени 180 цм. Ударниот бран помина вчера , среда по0пладне кога водат го освои кејот.
Вчеравечер Центарот за управување со кризи најави дека е можен поплавен бран во вечерните и ноќни часови низ Велес, откако Вардар на неколку места се излеал кај Зелениково.
Според последните информации од Центарот за управување со кризи од Велес до 15ч. немало пријави за можни штети од освоена површина со вода во велешко.
ЦУК побарал да се пристапи кон намалување на истекот на вода од хидроакумулациите Козјак и Матка, за време на поплавниот речен бран на Вардар во Општина Зелениково – наплив во дел на реката Вардар, по пријавите од излевање на реката во нивите и опасност од поплавување на куќите во Зелениково. Утрово нивото и на притоката Пчиња е во опаѓање.
Tweet |