Петар Печков
Објавено: четврток, 04 август 2022
Некои крстapат на брод, други уживаат во долги патувања во воз. Таков еден помина денес, четврток низ железничка станица Велес. Тоа беше ексклузивниот патнички воз ВЕНЕЦИЈА- ИСТАНБУЛ-ВЕНЦИЈА. Се состоеше од 14 патнички коли, вагони за спиење, вагони за јадење. Толку што беше долг, не го собираше на перонот бр.3.
Возот имаше пауза од 10-тина минути на железничка станица Велес и потоа го продолжи пувањето до Солун и Истанбул. Синоќа патниците преноќиле во Скопје а следното е во Солун.
Возот имал вкупно 60 патници, повеќето Американци, кои допатувале со авион до Венеција, и патуваат до Истанбул. Од таму нова група од 60 патници исто така Американци ќе се вози 12 дена до Венеција.
„ Golden Eagle Danube Express е вашиот луксузен хотел на тркала. Отпакувајте го само еднаш и сместете се во вашата добро наместена и удобна кабина додека го започнувате ова животно патување. Вашиот кабински придружник ќе биде при рака да се грижи за сите ваши потреби“ пишува во објавата за ова патување
Рутата на патување опфаќа посети на Венеција, Трст, Љубљана, Загреб, Сараево, Мостар, Белград, Скопје, Солун, Софија, Пловдив и Истанбул.
Возот веќе има термин и за враќање низ Велес. Тоа треба да се случи на 10-ти август во попладневните часови.
И на крај за цената во делукс кабини за двајца е 21, 5 илјади евра а за еден е 14,4 илјади евра. За супер делукс кабини за двајца е 18 илјади евра за еден е 30 илјади евра. Патувањето трае 12 дена. Годинава е превидено само едно патување на оваа релација. Следната година исто така има едно патување и тоа е предвидено за октомври. Освен ако има интерес за уште едно, оваа есен.
повеќе информации за овој ексклузивен патнички воз на следниот линк
Tweet |