Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 август 2016
Повеќе од двесте велосипедисти од цел свет возеа од Белгија до Турција, на аматерска трка на издржливост при што поголем дел, минаа и низ Македонија. Патеката е долга околу четири илјади км, во зависност дали учесниците минеле низ Македонија или Бугарија, до крајната цел Чанак Кале. Се стартувало од белгиското гратче Герарсберген, близу Брисел на 29-ти јули во 22 часот.
Од стартот тргнале 216 учесници аматери, само со нивниот спортски велосипед и ништо друго. Повеќето веќе стигнале во Турција, но некои се уште се по патиштата. За ова несекојдневна трка на издржливост, посочија велешките велосипедисти, откако неколку дена низ градот минеа, нивни колеги, спортисти аматери на две тркала.
Ни беше чудно што изминатава недела, седум дена низ Велес, еден по еден, поминува велосипедисти, странци. Извозеа повеќе од стотина, што ни беше чудно. Во разговор со некои од нив дознавме за оваа трка на издржливост. Имаа задача да минат низ четири задолжителни контролни точки, каде имаа обезбедено сместување. Останатото е нивна задача на снаодливост, како ќе стигнат до овие точки, кој пат ќе го користат, како и спиењето во останатиот дел од патеката. Околу 150 учесници се решиле да минат низ Македонија,не низ Бугарија, па така минаа и низ Велес. Тука и спиеја, по парковите на градот, некои со шатори, други со лежалка хамок, па продолжија за Грција. Некои ни се јавија дека стигнале до Чанак Кале, каде беше целта во Турција, други се уште возат – вели велешки велосипедист аматер.
Тој со неговите колеги, во центарот на Велес се фотографирале за спомен со двајца учесници. Контролни точки каде учесниците морале да минат се Кол ди Сисе во Франција, Фуркпас или Гринвалд Швајцарија, Алеџе Италија и Плужине илки Жабљак во Црна Гора.
Прв на целта стигнал Белгиецот Кристоф Алегерт кој возел 19 дена со просечна брзина од 19 км/ ч. Тој за 19 дена минал 3.915 км, стигнал на 7-ми август во 13:09. Тој во изјава за медиумите објаснил дека се решил да вози по подолгата патека, преку ,,озогласениот автопат Е-80, избегнувајќи ги планинските масиви на Македонија и Грција,,.
Второпласираниот пак Британецот Нил Филипс се решил да вози пократко отколку првиот, минал низ Македонија, извозил 3646, па и покрај 270-те км помалку стигнал втор на 8-ми август во 15:50 ч. Возел со просечна брзина од 16 км/ч. Трет бил Шпанецот Карлос Мацон, кој исто така возел низ Македонија, на пократка патека а извозил 3.734 км, во Чанак кале стигнал на 8-ми август 21:11ч.
Во ппетокот, околу пладне, меѓу последните на целта стигнал Кинезот Ченг Хиу Хсеи, кои минал најдолго на велосипед без малку еден месец, или 4.255 км при што возел преку Албанија. При оваа аматерска трка на издржливост, дел од велосипедистите се откажале, поради повредни здобиени при падови.
Tweet |