Петар Печков
Објавено: четврток, 12 октомври 2023
Во текот на вчерашниот ден 11 октомври, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода В.К.(36 год ) од село Дамјан, радовишко, затоа што во возило комбе „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 20 лица мигранти од Непал.
„Околу 13.20 часот во близина на наплатна станица Демир Капија, во правец Неготино- Демир Капија, полициски службеници го забележале возилото и дале знак за негово запирање. Возилото продолжило со движење, по што на наплатната станица возачот го запрел и тој со уште едно лице го напуштиле местото. При преглед во возилото биле пронајдени мигрантите, а по преземени мерки бил пронајден возачот В.К., кој бил лишен од слобода “ - соопштија од МВР.
Мигрантите се сместени во прифатно- транзитен центар во Табановце и во Прифатниот центар за странци- Скопје. По целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
фото илустрација
Tweet |