Петар Печков
Објавено: понеделник, 06 јуни 2016
Министерството за здравство распиша нов конкурс за матичен доктор за рурални средини. На територијата во велешко се бара за селата Иванковци, Богомила и Бузалково, со тоа што за Бузалково не се однесува за руралност и но и обврска да се покрива село Извор. Докторите кои ќе бидат ангажирано ќе добиваат месечен надомест од 60 до 99 илјади денари, во зависност од бројот на осигурени лица, кои ќе бидат згрижени од докторот. Тој ќе може во следните 24 месеци да работи и без да ангажира медицинска сестра.
Со ангажирањето матичен доктор, целта е оваа здравствена услуга да биде достапна за жителите поблиску до местото на живеење – велат од Министерството за здравство. Огласот трае 15 дена од објавувањето а тоа е 1-ви јули а доколку се јават заинтересирани тие ќе почнат да работат веќе од следниот месец.
Во сите овие три села имаше доктор, но десетина години некои и помалку, жителите немаат директна здравствeна примарна заштита, па мораaт да патуваат во Велес. Ова е втор обид да се најдат доктори за овие рурални средини откако претходниот мина без интерес.
Tweet |