Петар Печков
Објавено: понеделник, 30 јануари 2023
Новите сопственици на ФК Борец, Марјан Нацев и Рац Цветановски, го решија првиот проблем на стартот од подготовките за пролетниот дел од настапите во Втората лига Клубот беше без тренер а за нов шеф на стручниот штаб е именуван Никола Карчев.
Помошници ќе му бидат тренерите од ФК Академија Нацев Благојче Нацев и Александар Јолдашев.
Во наредните денови се најавуваат и засилување со нови фудбалски имиња. Вчера недела беше првиот тренинг, денес продолжи работата со постојниот фудбалска кадар, велешки фудбалери кои останаа верни на клубот.
По првата , есенската полуетапа ФК Борец е последен 16-ти на табелата без освоен бод.
Tweet |