Петар Печков
Објавено: четврток, 13 октомври 2022
Од денес велешкиот второлигаш има нов стручен штаб. Од управата на клубот соопштија дека нов шеф на стручен штаб е Никола Коки Аврамовски а негов помошник Туш Зефиќ.
Управата упатува благодарност на соработката со досегашните тренери Благој Петров и Димче Тодоровски.
По седум одиграни кола ФК Борец е последен 16-ти без освоен бод, настапува со млада и неискусна екипа.
Првиот тест за новиот стручен штаб е в сабота во Радовиш, каде велешани гостуваат на екипата на ФК Детонит Плачковица.
Коки Аврамовски е поранешен е бивши југословенски и македонски фудбалер и репрезентативец. Има водено клубови во Хрватска, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати.
Tweet |