речник контакт

Нини го презеде управувањето со „Благој Ѓорев“

Српскиот бизнисмен Нини го презеде управувањето со велешката фабрика „Благој Ѓорев“. На акционерското собрание што се одржа минатата недела акционерите му довериле на Нини да управува со 45% од капиталот на маслодајна и со неговите 10 тој стана извршен директор на фабриката.

Аница Солева

На собранието целосно е сменет управниот одбор на фабриката. И луѓето блиски до СДСМ и луѓето блиски до опозиционата ВМРО повеќе не фигурираат во раководната структура на маслодајна. Горанчо Лазов и Варадинови, кои заедно поседуваат 30% од капиталот, повеќе немаат свој преставник во управниот одбор на „Благој Ѓорев“. Незадоволни, најавиле дека ќе одржат ново собрание на акционери. Извори од фабриката велат дека работниците се подготвени и да му ги продадат акциите за по 1.000 денари од акција. Многу веројатно дека деновиве трансакцијата ќе мине преку берзата. До минатата недела Нини акциите на берзата ги купуваше по 950 денари за една акција. Стефановиќ е доминантен газда во „Јака 80“, Македонска банка и „Жито Скопје“. Влегувањето во „Благој Ѓорев“ се случува непосредно по напуштањето на акционерството во Комерцијална банка. Извор: [url=www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=64764]А1[/url]

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »