речник контакт

Ниту Младост ниту Мартолци не сакаат во Трета лига

Тие остануваат во општинска а во трета Мартолци, Превалец и Борец 2009. Од есен сите тие ќе играат на најквалитетна фудбалска подлога во земјава, на вештачка трева, на која може да се игра до полуфинале на Лигата на шампионите

Петар Печков

Екипите на Младост како првопласирана и Мартолци како второпласирана, не прифатија да играат бараж за пополнување на Третата лига Југ.

Ова можност тие ја  одбиле, со образложение дека котизацијата во висна  до 20  илјади денари за да се игра натпреварот е превисока. Додаваат дека така тие ги плаќаат и официјалните лица на средбата која требаше да даде одговор кој ќе биде новиот член на ова повисоко фудбалско друштво. Со ова Младост и Мартолци  останаа да  се натпреваруваат наесен во  Општинската фудбалска лига каде друштво ќе им прави и Илинден од Башино село кој излезе од Третата лига. . 

Таму пак во Третата  лига од Велес ќе играат Бабуна од Мартолци, Превалец и Борец 2009 (ако постои).   Затоа пак сите тие и општинска и Трета лига  југ, ќе играат на најмодерната фудбалска подлога во земјава, на вештачка треба, на која може да се  играат средби од Лигата на шампионите до полуфинале.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »