Петар Печков
Објавено: петок, 01 јули 2011
Залудно преполниот амфитеатар од Малдинскиот парк во средата вечер го очекуваше концертот на националниот ансамбл за песни и ора Танец. Гостите беа тука, но не заиграа.
Причина било врнежливото време и можноста да се оштетат носиите и инструментите. Најавиле дека сепак концерт во Велес ќе има, но не и кога. Затоа пак гледачите како замена го видоа настапот на гостите на Фолклорниот фестивал, од Холандија и Турција.
Tweet |