Петар Печков
Објавено: среда, 18 септември 2024
Фудбалерите на ФК Борец се елиминирани во Куп натпреварите, уште во првото коло 1/16, со пораз дома. Загубија со 0:1 (0:1) од екипата на Детонит од Радовиш, која како и велешани е второлигаш.
ФК Борец години наназад co максимален учинок, учество во 1/16 и толку. Бележат порази и кога беа прволигаши од третолигаши, без исклучок. Така беше и денес на Градски каде се поразени во натпревар во кој и не покажаа желба за победа.
Со ова продолжува црната низа од неуспеси на стартот од оваа фудбалската сезона, што во првенството, што во Купот.
Се одигра и првото коло од Втората женска фудбалска лига, каде настапува и ЖФК Борец. Девојките играа во Валандово, каде загубија од екипата ан ЖФК Победа со 0:2.
Лигата брои осуим екипи. во следното коло, викендов играат со ЖФК Вардар, кој во првото коло одигра нерешено дома во Скопје.
Tweet |