Петар Печков
Објавено: сабота, 04 април 2020
Потврден е нов, деветти случај на заразен со корона вирус во Велес. Станува збор за 78 годишен велешанец кој почина пред неколку дена, во ноќта помеѓу вторникот и средата. Оваа информација ја кажаа од семејството на починатиот, кое за тоа било претпладневно информирано од страна на Центарот за Јавно здравје Велес.
По ваквиот развој на настаните неговите блиски бараат да бидат тестирани за присуство на ковид 19. Случајот со смртта на ова лице беше актуелизиран од страна на семејството, кое реагираше што старецот, кој бил релативно здрав, не добибивал можност да биде тестиран, потоа реагираат што не бил хоспитализиран иако бил во лоша состојба, и што службата за итна помош во прв момент одбивала да го пренесе до Болница.
За сите овие наводи министерот За здравсто Венко Филипче најави дека работи Здравствениот и санитарен инспекторат. На прашањето дали починатиот и заразен со корона вирус имал контакти со некој од досега осумте зразени од Велес, семејството вели дека не можат да кажат, и не можат никого да посочат како можен преносител.
Починатиот се уште не е погребан. Тој боледувл од хронична, срцева болест.
Tweet |