Петар Печков
Објавено: вторник, 16 ноември 2021
Ново заразени со ковид-19 во велешко се 21 лице, одека оздравени се 19. Ова се податоци од здравствениот билтен за изминатите 24 час, кој го објави Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко е 350 лица.
Во велешка Болница има еден починат пациент, жена на 88 годишна возраст. Таа е 244 жртва на ковид пандемијата
Во трите ковид одделенија од Болницата има хоспитализирано 52 пациенти, од нив 35 се позитивни, четворица се непотврдени и 13 негативни, но со здравствени проблеми, па имаат потреба од здравствена заштита.
„Примени се осум пациенти, петмина на Инфективно одделение и тројца во Модуларна Болница кои се трансферирани од Интерно. Испишани како оздравени со по еден негативен тест се двајца пациенти. На континуирана кислородна поддршка се 17 пациенти“ - соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова портпарол на велешка Болница.
На Инфективното одделение кое има 42 кревети згрижени се 22 пациенти, на Интерното одделение каде се сместени сомнителните случаи има осум и во Модуларната Болница има 22 пациент а таа има капацитет од 54 легла.
Tweet |