Петар Печков
Објавено: недела, 09 јануари 2022
Министерството за здравство соопшти дека изминатите 24 часа во велешко е регистриран 21 случај на ново заразени со ковид-19, а оздравени се четворица пациенти,. Со ова бројот на активни случи се искачи на 179 лица. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, се покачи за три во однос на вчера и претпладнево се згрижени 19 пациенти. Ново пациенти се шест, четворица префрлени од Интерно и двајца ново примени, испишан со еден негативен тест е еден пациент.
„Има 15 пациенти кои се позитивни, непотврдени се двајца и исто толку се негативни, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се девет пациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 15 а на Интерно одделение четворица пациенти.
Tweet |