Петар Печков
Објавено: среда, 09 февруари 2022
Ново заразени со ковид-19 изминатите 24 часа во велешко се 51 лице. оздравени се 33 пациент. Ова се податоци кои ги објави министерството за здравство за изминатите 24 часа. Бројот на активни случаи во велешко е 348 лица.
Во велешка Болница починат е маж од Свети Николе, на 85 годишна возраст, позитивен на ковид-19. .
Во трите ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 66 пациенти, три помалку од вчера. Hа Инфективно се згрижени 45, на Интерно десет и на Физикално 11.
Потврдено позитивни се 49, непотврдени се двајца и 15 се негативни но со потреба од болничка нега.
„Примени се тројца пациенти со по еден негативен тест.Еден пациент е трансфериран од Интерно на Физикално. Испишани како оздравени со по еден негативен тест се четворица пациенти. На кислородна поддршка се 24 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол нa Општа Болница Велес.
Tweet |