Аница Солева
Објавено: четврток, 12 април 2007
Фармерите тврдат дека одгледувањето полжави е доходовно, бидејќи бара мал простор, а носи пристојна заработувачка.
Италијанските партнери се подготвени да го откупат целото количество полжави што се одгледува во македонските фарми, тврди Тодор Бондиќов, човекот што прв почнал со фармерско одгледување полжави во Македонија.
Побарувачката е голема, бидејќи полжавите се сметаат за специјалитет во Франција и во Италија. Откупот е организиран, но ние немаме доволно полжави. За да ги заинтересираме големите фирми, на пазарот треба да му понудиме многу повеќе - истакна велешкиот бизнисмен, сопственик на најголемата фарма за полжави во земјава.
Во Здружението на одгледувачи членуваат 25 фарми, кои вкупно на годишно ниво произведуваат околу 40 тони полжави. Количество кое ни оддалеку не е доволно да ја задоволи растечката потреба за овој производ на европскиот пазар.
Бондиќов, по неколку неуспешни зделки на домашниот пазар, во 2003 година почнал со одгледување полжави. Тој вели дека на денешните фармери им е полесно бидејќи откупот е организиран, а за полжавите им плаќа по 2,5 евра за килограм.
- Сега е лесно, но почетокот беше тежок. На интернет најдов српско-италијанска компанија, која за 10.000 евра ми продаде опрема и матични полжави од видот „хеликс поматиа“. Позајмив дел од парите, работев по нивни инструкции, но кога дојде време за откуп ми кажаа дека тој полжав не е атрактивен на пазарот. Сфатив дека ме излажале и дека инвестицијата ми пропаднала - раскажува фармерот.
Ова не го поколебало. Одново почнал да бара контакти за фармерско одгледување полжави. Во меѓувреме собирал литература и самиот учел како се одгледуваат. По двегодишна потрага нашол компанија од Сицилија која се заинтересирала да соработува со него.
- Дојде лично сопственикот. Му ја покажав земјата и тој одлучи да ми помогне. Ми донесе опрема и контингент на матични полжави од видот „хеликс асперса“ - истакна фармерот.
За да ја отвори втората фарма од 5 декари, зел кредит од ИФАТ-линијата, наменета за развој на примарното земјоделство. Но, тогаш се случила забраната за одгледување полжави и во 2005 повторно останал без приход.
Истата година, одгледувачите на полжави се организирале во здружение и издејствувале Министерството за земјоделство да изготви правилник, по што, добиле дозволи за работа.
Првата заработка ја оствариле во минатата година.
И фармерот Тоше Ѓорѓиев се согласува дека одгледувањето полжави е доходовна работа.
- Иако задоцнивме со сезоната, успеавме да произведеме доволно полжави за откуп. Ова е доходовна земјоделска гранка, бидејќи мал простор, носи пристојна заработувачка - вели тој.
Во просечна фарма од два декара со мрежа се оградуваат шест до седум леи. Во секоја од нив се сади амбиентална трева и се распоредуваат дрвени палети. Се поставува систем за наводнување и се распрскува храна за полжавите, која е направена од жито, минерали и витамини. Одгледувањето трае шест месеци. Во мај, во леите се ставаат по 27.000 полжавчиња, а веќе во октомври истата година тие достигаат тежина од 14 грама и се подготвени за продажба. Фарма од вакви димензии годишно произведува околу 2,5 тони полжави.
- Почетната инвестиција од 5.000 евра, за ваква фарма, се враќа уште првата година. Ова количество на полжав, веќе од наредната година на фармерот ќе му донесе нето-профит од околу 3.000 евра - додаде Ѓорѓиев.
Првпат годинава Министерството за земјоделство планира да одвои финансиски средства за стимулација на фармерско одгледување на полжави.
- Средствата ќе се дистрибуираат преку програмата за поттикнување на земјоделството, која веќе е во владина процедура. Фармерите за овие пари ќе може да конкурираат откако ќе биде објавен оглас - велат од Министерството.
Извор: Дневник

Tweet |