речник контакт

Нов бран на промени на раководни места, во Велес во Агенцијата за вработување

Промената е резултат на успешноста во работата на избраните функционери

Петар Печков

Дваесетина директори и раководители на јавни претпријатија и на подрачни одделенија низ државата ќе бидат сменети со „новиот бран“ од кадровски промени што го најави  ВМРО-ДПМНЕ.  

Ќе биде сменета и раководителот на подрачното одделение на Агенцијата за вработување во Велес,  како и директорот на Јавно комунално претпријатие “Клепа” во Градско.

Tодоров посочи дека одлуката за промени во одредени институции била донесена врз основа на согледувања што биле правени во изминатиот период за успешноста во работата на избраните функционери.

Сите овие луѓе дадоа придонес во работата на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму, со својот личен и професионален капацитет, остануваат потребни за партијата.Смените на досегашните функционери беа резултат на нивна неможност да одговорат на темпото на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на одредени објективни слабости или недоволно посветена работа, што е во целосна спротивност на основните принципи на дејствување на партијата. За таа цел, ВМРО-ДПМНЕ продолжи со замена на своите функционери во оние сегменти во кои се покажа дека постои простор за поголем успех и поголем ангажман“, рече Тодоров во функција на член на Извршниот комитет на владејачката партија.

Тој посочи  дека одлуката за промени во одредени институции била донесена врз основа на согледувања што биле правени во изминатиот период за успешноста во работата на избраните функционери

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »