Петар Печков
Објавено: среда, 30 април 2014
Вчеравечер околу 22,45 часот извршено е разбојништво на Бензинската пумпа на Макпетрол бр. 072 на автопатот Скопје – Гевгелија, кај влезот во Велес. Според полицијата две маскирани лица упаднале во Бензинската станица на Макпетрол и од вработениот со закана од пиштол одзеле 98 илјади денари.
Тие ми се заканиле по живот и го заклучиле во вецето по што избегале во непознат правец. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите. Оваа бензинска пумпа беше ограбена пред една година а тогаш беа одземени 22 илјади денари.
Бензинските пумпи на Макпетрол во Велес се често мета на разбојници. Пред еден е месец беше ограбена таа на влезот од Штип кога беа одземени 84 илјади денари. Во 2013 имаше три а во 2012-та две разбојништва во велешко на бензинските пумпи. Ниту еден сторител досега не е пронајден.
Tweet |