Петар Печков
Објавено: недела, 26 април 2020
Скратениот полициски час заради заштита од корна вирусот предизвика ново поместување на возниот ред на Македонски Железници АД Транспорт. Останува истиот број на патнички возови, но со тоа што дел се враќаат во сообраќај во попладневните термини. Овој железнички возен ред стапува на сила од утре.
За Битола има два патнички воза кои од железничка станица Велес поаѓаат во 7,50 и 15,20, додека од Битола тргнуваат во 6 и во 12,51 часот и во Велес се во 8,20 и 15,24. За Гевгелија тргнуваат во 7,20 и 16,20. додека од Гевгелија поаѓаат во 5,40 и 15,10 часот а во Велес се во 7,25 и 17,01 ч.
Во сабота кон Битола и Гевгелија и обратно сообраќаат само утринските возови, кои нема да сообраќаат во понеделник наутро.
Од Скопје кон Велес патнички возови има во 9,15 и 13,20 додека од Велес кон Скопје во 6,40, 12,10 и 14,24 како и патничките возови кои сообраќаат од и кон Битола и Гевгелија.
И натаму не сообраќаат патнички возови на релациите кон Кичево, Кочани и Куманово.
Tweet |