Петар Печков
Објавено: среда, 07 април 2010
Децата од градинките во Велес добија забавен парк наречен,,Цветен град,, во кој ќе минат дел од нивното време додека се во дневен престој. Тој е граден три месеци, вреди пет илјади евра и беше пуштен во употреба вчера (среда)по повод патрониот празник на градинката ,,Димче Мирчев,,. И додека децата играа и се радуваа на новиот простор, надлежните со апел до повозрасните, забавниот парк да го сочуваат, бидејќи уште не предаден во употреба некои несовесни лица го демолирале.
Горди сме што создадовме место за забава а најмладите во Велес но не само за денес и годинава туку и за следните генерации. Но разочарана сум што изминатите денови паркот кој дење го градевме ноќе го уништуваа., затоа апелирам до сторителите и нивните родители да се вразумат. Овој вандализам нема да не поколеба да на децата им понудиме место за забава и безгрижно детство – изјави Татјана Лазаревски Горгиевска директорка на установата. Таа посочи дека изминатата седмица кога ги финиширале работите, секое утро кога доаѓале на работа наоѓале уништена дел од опремата, скршена или демолирана.
Tweet |