Петар Печков
Објавено: среда, 13 ноември 2024
За нов Командир на Сообраќајната Полиција во Секторот за Внатрешни Работи - Велес, е назначен Трајче Мечалов.
Тој својата кариера во Министерството за Внатрешни работи ја започнал во 2008 година како полициски службеник во Полициската Станица од Општа Надлежност-Велес како помлад полицаец.
Од 2014 до 2020 година е распореден во Полициската Станица за Безбедност на Патниот Сообраќај Велес движејќи се во службата од Полицаец за БПС, и Полицаец за вршење на увиди на сообраќајни незгоди, до раководител на групата за увиди на сообраќајни незгоди.
Во периодот од 2020 до 2024 работни задачи извршувал како, дежурен - виш инспектор подоцна и раководител на Центарот за Известување и Командување (ЦИК) на СВР Велес.
Во текот на 2024 година распореден е како Главен инспектор во Одделот за Внатрешна Контрола, Криминалистички Истраги и Професионални Стандарди во МВР, од каде сега ја превзема функцијата Командир на Полициската Станица за Безбедност на Патниот Сообраќај во Велес.
Tweet |