Петар Печков
Објавено: среда, 07 септември 2022
Болницата во Кавадарци доби компјутерски томограф, кој е донација од ЕУ. Тој е вреден 400 илјади евра, марка „Филипс“ 128 слајсен, со високи перформански. Со неговата употреба ќе се зголеми нивото на здравствените услуги кои ги добиваат пациентите.
„Апаратот е еден до најсовремените и најсофистицирани во светот. За прв пат ваков апарат се инсталира во нашата Болница, долго време немавме ваков апарат. ВО соработка со ЕУ го добивме со нивна финансиска помош. Докторите и рендген техничарите минаа низ соодветна обука и едукација, извршени беа мерења и добиена е дозвола за работа од страна на Дирекцијата за радијациона сигурниот“ - кажа д-р Диме Коцев директор на Општа Болница Кавадарци.
Со неговата употреба ќе се растоварат листите за чекање во другите болници.
„Компјутерскиот томограф отвора перспектива за навремено дијагностицирање за многу заболувања. Тоа е апарат со кој ќе се детектираат итни случаи и животно загрозувачки состојби на пациенти од централниот дел на Македонија. Со поадекватна услуга, навремена дијагностика ќе се подигне квалитетот на лекување“ - изјави Владимир Рендевски заменик министер за здравство.
Пациенти од Кавадарци, Тиквешијата но и од Повардарјето не ќе мора да патуваат за Скопје или Штип за да добијат услуга на компјутеризирана томографија. Настанот беше по повод 7 септември ослободувањето на Кавадарци .
Tweet |