Петар Печков
Објавено: вторник, 12 февруари 2013
Општинскиот Совет на седницата в четврток треба да ја донесе О д л у к a за комунален ред и мерки за нејзино спроведување во Општина Велес. Еве неколку интересни моменти за жителите на општината и градот.
Работното време на јавните санитарни јазли е од 08:00 часот до 20:00 часот од понеделник до сабота и од 08:00 часот до16:00 часот во недела. За користење на јавните санитарни јазли не се наплатува надоместок од корисниците.
Истоварот, сечењето, цепeњето, складирањето на огревното дрво и јагленот треба да се врши во дворните места на станбените и деловните објекти. По исклучок кога нема просторни услови истовар, сечење и складирање на огревно дрво и јаглен може да се врши на јавни површини, но при тоа не смее да се попречува нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Складираниот материјал мора да се отстрани од јавните површини најдоцна во рок од 3 дена од денот на истоварот.
Забрането е сечење на огревно дрво со моторни пили и други слични бучни направи и кршење на јаглен во државни празници и во недела, како и сечење на огревно дрво и кршење на јаглен во време на пладневен одмор на граѓаните од 15.00 до 18.00 часот и во ноќните часови по 21.00 часот.
Забрането е мешање на малтер и бетон на јавни површини
Одржувањето на водно- рекреативните површини подразбира меѓу другото да се постават корпи за отпадоци. Овде ќе треба да се истакне локалната власт и да постави корпи на крајбрежјето на езеро Младост и покрај Бабуна.
Во јавното зеленило забрането е собирање на плодови и цветови од дрвјата, чување и напасување на добиток и живина,поставување и потпирање на рекламни паноа и натписи.
Забрането е лепење на плакати, некролози, пропаганден и рекламен материјал на дрвјата, На јавното осветлување забрането е поставување огласи, известувања, реклами, некролози
Одржувањето на градските чешми и фонтани и садовите за отпад ќе го врши јавното комунално претпријатие основано од општината. Средствата за потрошена вода од јавните чешми и фонтани со уредно поставен водомер се на товар на општината
На подрачјето на Град Велес забранува чување, сместување, терање, задржување, напасување и колење на секаков вид на добиток и живина. Под добиток се подразбира домашни животни од видовите: копитари, говеда,свињи, овци, кози, зајаци, живина, пчели, полжави и одгледуван дивеч.
Под живина се подразбира: кокошки, мисирки, бисерки, патки, гуски, препелици, гулаби, фазани, еребици, ноеви.
На подрачјето на градот чување на гулаби е дозволено
само во дворните места на индивидуалните станбени објекти. Од гулабарникот не смее да се шири непријатна миризба во околината. Чувањето и одгледувањето на гулаби не смее да го нарушува редoт и мирот на граѓаните.
Во населените места, селата е дозволено одгледување на добиток и живина исклучиво за индивидуални потреби. Шталите во населените места мора да бидат изградени одвоено од станбените и деловните објекти и да се оддалечени од соседите на растојание од најмалку 10 метри
Забрането е оставање на фекални остатоци од домашните миленици на јавна површина. Сопственикот на домашниот миленик е должен да ја исчисти површината од фекални остатоци од неговиот домашен миленик. Миленикот може да се изведе надвор од дворното место само со кошница на устата и врзан со ремен.
Инспекциски надзор над спроведувањето на оваа Одлука ја врши овластениот комунален инспектор во општината. За реакција на непочитување на било кој дел од овие правила ќе морате лично да го побарате, оти комуналниот инспектор во локалната, вработен неодамна нема локал за телефонска комуникација.
Tweet |