речник контакт

Нов мултифункционален деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци

Новиот деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци има мултифункционален карактер, а покрај другите работни единици има и две конференциски сали и простор за настани и презентации

Петар Печков

Винарската визба „Тиквеш“, лидер на винскиот пазар во земјава, продолжува со својата стратегија за континуирани инвестицииво одржлив развој и имплементација на ESG стандардите.

Во рамките на овој процес кој се одвива во сите сегменти од работењето на компанијата, денес „Тиквеш“ ги отвори новите деловни простории во Кавадарци.

Деловниот простор во Кавадарци е уникатен по својата функционалност и архитектонски изглед, но и според постулатите за одржливост кои се вградени во овој објект. Во текот на изградбата се користени еколошки и одржливи материјали и во целост се имплементирани принципите за енергетска ефикасност кои обезбедуваат заштеда на енергија.

Дизајнот на просторот овозможува пространост и удобност, како и максимално користење на дневната светлина, со што се штеди енергија. Покрај тоа,инсталираниот централен систем заклиматизација и вентилација е базиран на обновлива енергија, односно голем дел од енергијата што ја користи е од фотонапонска централа.

Вкупната инвестиција во изградбата на деловниот простор во Кавадарци изнесува над еден милион евра. Покрај висококвалитетната градба и задоволувањето на највисоките стандарди за изградба на ваков тип на објекти, новиот деловен простор е позициониранво централниот дел на винарницата и нуди уникатен и инспиративен работен амбиент, прилагоден на специфичните потреби на работењето на винарницата.

Внатрешното уредување е адаптирано на потребите на вработените особено во поглед на нивното здравје и благосостојба. Користен е ергономски ентериер и предвидени се простории за пауза и одмор и други видови на простории за вработените.

„Континуиран напредок и имплементација на највисоките стандарди е наша долгорочна заложба и во таа насока инвестираме подеднакво во сите сегменти од нашето работење. Веруваме декановиотделовен простор ќе овозможи подобри услови за работа, поголема благосостојба на нашите вработени и поголема продуктивност. Нашите луѓе се основа за нашиот успех, а развојот и грижата за вработените е еден од врвните приоритети на компанијата“, велат од „Тиквеш“.

Новиот деловен простор на „Тиквеш“ во Кавадарци има мултифункционален карактер, а покрај другите работни единици има и две конференциски сали и простор за настани и презентации.

Имплементацијата на ESGстандардите,како дел од стратегијата за одржливост на винарската визба „Тиквеш“, е процес во кој целокупното работење на „Тиквеш“ се унапредува во однос на трите параметри: животна средина, општествен придонес и корпоративно управување (ESG).

ПР текст

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »