Петар Печков
Објавено: четврток, 16 декември 2010
Велешкото Основно Јавно обвинителство се екипира. На вчерашната седница на Советот на Јавни обвинители по распишаниот конкурс ја избра за јавен обвинител Гордана Тодорова. Таа досега работеше како советник во јавното обвинителство.
По распишаниот конкурс за уште еден јавен обвинител кој има завршено академија за обвинители, тоа место не е пополнето бидејќи никој не се јавил. Очигледно на посетителите на академијата не им се работи во провинција и сите би сакале да бидат во Скопје...
Tweet |