Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 октомври 2013
Локалната власт испорача ново барање за отстранување на камп приколките од дивата населба покрај езерото Младост. На сите објекти залепено е известување дека е потребно бесправно поставените приколки да се исселат, поради изведување на градежни работи. Причина е што тука минува трасата за главната водоводна цевка, за снабдување на околината на езерото со вода за пиење, проект со кој Општина Велес се задолжи кај Светската Банка. Градежните работи за овој зафат се токму околу оваа населба.
На овој простор ќе се изведуваат работи врзани со поставување на водоводна и канализациона мрежа на градежното земјиште кое се наоѓа на езерото Младост, а каде се поставени бесправно камп приколките. Поради тоа потребно е веднаш да се ослободи просторот на кој тие се поставени за да може непречено да се изведуваат работите поврзани со поставување на комуналната инфраструктура – велта од Општина Велес.
И предупредуваат дека доколку сопствениците сами не го сторат тоа, локалната валст ќе биде приморана истите присилно да ги отстрани, на трошок на сопствениците. Ова е нов обид да се исеелат приколките кои тука се со години. Иако таму нема водовод, канализација, во 50-те приколки дел од годината минуваат голем број велешани. Акциајта за исеелување летово не успеа, откако локалнта власт се повлече по реакциите на сопствениците. Тие овој пат најавуваат дека делумно ќе го почитуваат ова барање за отстранување на објектите.
Приколките кои се на трасата ќе бидат отстранети, за да може да се работи. Тие што не се на линијта на градежните зафати, не ги поемстуваме. Видете ова зивестување е без печат, без никаков валиден знак дека е од општинта. Секој може да го закачи, воа е несериозно од нивна страна – велат сопствениците на 50-тината ојекти кои се лоцирани покрај патот од езерото Младост.
Претходно се најави нивно отстранување, поради продажба на земјиштето каде се лоцирани а со цел изградба на камп населба, но оваа лицитација се одложи на неодредено.
Tweet |