Петар Печков
Објавено: петок, 08 ноември 2019
Нова паркова површина од шест илјади м2 добија жителите на станбениот комплекс УЗУС. По повод 9-ти Ноември, Денот на Општина Велес, денес тој беше предаден за користење, со засадувње на нови садници зимзелени дрвја.
Паркот е хортикултурно уреден, со изградена нова пешачка патека во должина од 370 метри и внатрешни патеки со должина од 300 метри. Поставено е осветлување со 20 канделабри, урбана опрема, нови клупи, корпи за отпадоци, детски реквизити и справи за вежбање.
Општина Велес издвои 4,5 милиони денари од локалниот буџет за изградба на овој парк. Повеќе од 2000 жители од овој дел на градот добија уреден простор за одмор и рекреација.
Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, најави зголемување на парковската површина во градот. Паркот е изграден согласно Програмата за нови зелени површини на Општина Велес.
Tweet |