Петар Печков
Објавено: среда, 14 декември 2016
Заврши реконструкцијата на паркингот на улица Никола Карев во непосредна близина на Основното училиште „Васил Главинов“.
Со градежните активности изведени изминатиот период, поплочени се 1300 метри квадратни кои значително ќе влијаат за решавање на проблемот со недостиг на паркинг простор во овој дел од градот.
Капацитетот на новиот паркинг изнесува 60 возила. Проектот чини 1,3 милиони денари, средства од Општинскиот Буџет.
Во изминативе три и пол години Општина Велес решавајќи го проблемот со недостиг на паркинг простор, изгради 13 паркинг простори со вкупно 660 места за паркирање, во различни делови на градот.
Tweet |