Петар Печков
Објавено: понеделник, 12 септември 2016
Градот доби уште еден паркинг простор. Овој е изграден во дворот на Гимназијата, од задната страна кај спортските терени или спроти зградата на ЕВН.
Има капацитет од 55 возила, со површина од 1,5 илјади м2 а неговата вредност изнесува два милиони денари, средства обезбедени од локалниот Буџет.
Тој за разлика од останатите во градот е осветлен. Според локалната власт, за изминатите три години Велeс доби 463 нови паркинг места, на повеќе локации во градот.
Според градоначалникот Чадиев, Велес е единствениот град во Македонија, каде не се наплатува паркинг просторот.
Tweet |