Петар Печков
Објавено: среда, 28 август 2019
Голем пожар попладнево пламна на патот кон село Ораовец. Гори површина со ниско стеблеста шума, дабова и букова. На терен се екипи на ТППЕ Велес, ЈП македонски шуми а се бара во акцијата на локализирање да се вклучат и воените хеликоптери и авионите канадери.
Апелирам до сите кои можат да дојдат, бидејќи се потребни доброволци - порача градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски.
Дојава за пожарот имавме околу 14,30 ч. На терен се три возила со 15 пожарникари, се работи на локализирање на огнот - рече Љупчо Лепидовски, командир на ТППЕ Велес.
Пожар имаше на истиот терен во понеделникот попладне. Денес огнот го фатил делот преку патот за Ораовец и гори нова ниско стеблеста шума .
Tweet |