Петар Печков
Објавено: недела, 03 октомври 2021
Ништо ново, трет пораз во низа за велешкиот прволигаш ФК Борец, со лоша серија од осум примени и ниту еден постигнат гол. Домаќинот, шампионот ФК Шкендија победата од 3:0 ја обезбеди уште во првото полувреме со головите на Дориев во 5-та и на Гури во 12-та и 39-та минута. Велешани без идејни и без шанси за гол, беа лесна задача за ФК Шкендија. Колку ФК Борец игра слабо, зборува и фактот што во останатите вчерашни четири натпревари до Првата лига, беа постигнати три гола, колку што примија велешани на оваа средба.
По ова деветто коло, ФК Борец остана на 10-тото место, со седум бодови. Следи пауза во првенството, поради репрезентативни настапи а во наредното кое се игра на 16-ти октомври, ФК Борец повторно гостува во Струга, овој пат на екипата на ФК Струга ТЛ која е шеста со 13 бода.
Играа и второлигашите, ФК Локомотива од Градско дома загуби со 1:4 (1:2) од прилепска Победа, која по 6 кола е втора. Домаќинот падна на осмото место со четири бодови а во наредното седмо коло гостува во Радовиш на екипата на ФК Детонит Јуниор, кој е седми со исто така 4 бода.
Tweet |