Петар Печков
Објавено: недела, 22 септември 2013
Велешки Борец продолжува со серијата лоши резултати и лоши игри. Во саботата на помошното игралиште велешани загубија од струмичка Тиверија Партизан со 3:2, која беше во долниот дел од табелата.
Ова е трет пораз на Борец по ред. Со ова тие паднаа на деветтото место во Втората лига. Следната сабота гостуваат во Врапчиште, екипа која се бори за самиот врв.
Женската екипа на ФК Борец оваа и следната седмица не играат поради репрезентативни обврски, па има пауза во првенството.
Tweet |