речник контакт

Нов претседавач на Советот на Општина Велес е Ненад Коциќ

Тој доаѓа од советничката група на СДСМ

Петар Печков

На вчера одржаната  39 седница Советот на Општина Велес избра  нов претседател. Тоа е  Ненад Коциќ од советничката група на СДСМ,  специјалист за интерна медицина и сопственик на приватна здравствена установа. Тој беше избран со 13 гласа ,,за,,. 

Верувам дека заедно ќе придонесеме за квалитетна работа, за меѓусебно почитување, за подигање на рејтингот на Советот. Да носиме квалитетни услуги, во интерес на граѓаните  - порача Коциќ. Тој побара седниците да почнуваат на време а комисиите да работат ден претходно.   Коциќ е и заменик на градоначалник.

Негов против кандидат беше Петре Саздов од советничката листа на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Претходно по завршувањето на 37-та седница писмена оставка од лични професионални причини си поднесе Душко Петров. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »