Петар Печков
Објавено: среда, 02 октомври 2019
И утрово, на приодот кон Велес, од правец на Штип, протестираа членовите на Независниот полициски синдикат. Во периодот од 7 до 9 часот, беше блокиран сообраќајот на магистралниот пат Велес -Штип, на штипска клучка.
Вработени во полицијата, шумската, затворската и судската полиција од Велес протестираа под мотото ,,Враќање на достоинството на полицијата,,. Тие бараат повисоки плати за 25 отсто, но и поголеми социјални права.
Бараме признавање на репрезентативноста на Независниот полициски синдикат, колективен договор со шумската и затворската полиција, владеење на правото во наведените институции и стоп со пресметки со синдикалните претставници - стои во писменото барање. Тоа во понеделникот е доставено и до Владата.
Според најавите вакви протести утрово имало и на приодите кон Штип, Прилеп, Виница, Прилеп, Кичево, Куманово, Тетово.
Tweet |