речник контакт

Нов процесор од „AMD“

Познатиот производител „Advanced Micro Devices (AMD)“, ја претстави новата верзија на својот процесор „Opteron“, популарниот сервер – чип, кој го направи „AMD“ сериозен конкурент на „Intel“.

lj lkjl

Познатиот производител „Advanced Micro Devices (AMD)“, ја претстави новата верзија на својот процесор „Opteron“, популарниот сервер – чип, кој го направи „AMD“ сериозен конкурент на „Intel“.

Трговците вклучувајќи ги тука „Hewlett-Packard (HP)“, „IBM“ и „Sun Microsystems“ објавија дека планираат да продаваат сервери кои ќе го користат чипот \"Rev F\" кој формално е идната генерација на „AMD Opteron Processor“.

Аплаузите кои беа упатени на адреса на производителите на чипот, најмногу се однесуваа на DDR2 меморијата и константните перформанси и температурата.

Kвалитетниот производ AMD успеа да зграби 25,9% од пазарот, што претставува 113% повеќе од минатата година во исто време, велат истражувачите на пазарот „Mercury Research“.

Остатокот од пазарот и припаѓа на империјата наречена „Intel“ која за претходнатагенерација на AMD процесори го врати ударот. Тоа се случи со лансирањето на чипот за сервери \"Woodcrest\" Xeon 5100, претставник на „Core 2 Duo“ генерацијата која е „градена“ со архитектура од 65- нанаометри.

Цената на чинење на конкурентските чипови на AMD изнесува 2149 долари за „Opteron 8218“, 873$ за „Opteron 2218“ и $749 за Opteron 1218. Сите три чипа работат на 2.6GHz, но варијациите се движат од 1.8GHz до 2.8GHz.

„ HP“ планира да го користи „Rev F“ чипот на шест свои нови продукти: „ProLiant DL385 G2“ и „DL585 G2“ како и кај „BL25p G2“, „BL45p G2“,„BL465c“ и „BL685c“.

„НР“ со употребата на новиот чип „Opteron“ сака да ги подобри перформансите за 15% споредувајќи ги „DL585 G1“ и „DL585G2“. Освен тоа истата фирма сака да ги намали своите диск – драјвови од 3,5 на 2,5 инчи (од 8,89см на 6,35см).

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »