речник контакт

Нов случај на ковид-19 во велешко, едно лице е згрижено и во Болница

Во велешко активни се пет случаи

Петар Печков

Еден нов случај со ковид-19 во велешко и еден хоспитализиран. Ваква е состојбата со корона вирусот, откако една седмица немаше позитивни кои се згрижени во Болница.

Ви Болница  се хоспитализирани три лица, од кои еден е потврден позитивен, еден е сомнителен  и еден пациент со негативен тест но задржан на болничко лекување- информира д-р Елеонора Јованова, портпарол на Болница Велес. На Инфективно одделение е еден пациент а на  Интерно двајца.

Институтот за јавно здравје го билтенот за изминатите 24 часа, соопшти дека во Велес има еден ново заразени со ковид-19, претходно нов случај имаше регистрирано и во неделата на 20-ти јуни. Така во велешко има пет активни а досега заразени биле 5.181 лице.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »