Петар Печков
Објавено: понеделник, 14 септември 2020
Еден ново заразен, еден оздравен е денешниот биланс од пандемијата со ковид-19, информираа од Центарот за јавно здравје Велес. Во велешко има 18 активни случаи.
Лицето кое е позитивен на ковид-19 е маж, кој работел во Скопје и смета дека од таму се заразил. Имаме и еден пациент оздравен, тој е од домашно лекување - соопштија од Центарот за јавно здравје Велес.
Досега во велешко има 288 заразени, 256 оздравени и 14 починати. Од активни случаи 12 се на домашно лекување, петмина се на Инфективно одделение и еден пациент е на Инфективна клиника во Скопје.
На Инфективно одделение има 14 лица, 10 се потврдено позитивни за четири се чекаат резултати. Двајца од пациенти се на кислородна поддршка - кажа д-р Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |