Петар Печков
Објавено: вторник, 24 јануари 2023
И во третата седмица од оваа година, Институтот за јавно здравје на Република Македонија, информираа дека во Велес има починато лице, од последиците на ковид-19.
Тоа е маж на 85 годишна возраст. Починато во болнички услови, со коморбидитети, во периодот16- 22 јануари. Претходниот смртен случај годинава беше во периодот 2 до 8 јануари, лице на 60 годишна возраст
Вкупно досега во Велес и велешко има починато 330 лица од компликациите предизвикани од ковид-19.
Во овој период 16-20 јануари, во градот има пет активни случај на позитивни на ковид-19.
Tweet |