речник контакт

Нов смртен случај на велешанец позитивен на ковид-19

Ова е осми смртен случај на пациент од Велес со корона вирус

Петар Печков

Министерот за здравство Венко Филипче  информираше дека  на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби  изминатото деноноќие  починале тројца пациенти. 

Еден од нив е и пациент од Велес  на 58 годишна возраст  кој поради влошената здравствена состојба е препратен од Инфективно одделение од Велес во Скопје, на 12 мај. 

Починале и  пациент од Тетово (57г) лекуван на клиниката од 22 април и уште еден пациент од Тетово (78г) хоспитализиран на 11 мај.

Ова е осми смртен случај на пациент од Велес позитивен на ковид-19.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »