Петар Печков
Објавено: четврток, 21 мај 2020
Од вчера започна да се применува новиот сообраќаен режим, околу основното училиште Васил Главинов и во пошироката околина. Воспоставен е нов режим на сообраќај, со еднонасочно одвивање на сообраќајот по улиците: Христо Татарчев, Никола Карев и 11-ти Октомври, два крака од неа. Улиците се соодветно обележени со хоризонтална и вертикална сигнализација, соопштија од локалната власт.
Посебно значење и дадовме на зоната околу училиштето Васил Главинов, каде заради поголема безбедност на децата, поставивме сигнализација „зона 30“ и „школо“ . Апелирам до возачите на внимателно возење и за почитување на сообраќајните знаци и на насоките за движење на возилата - кажа градоначалникот Аце Коцевски.
Со новиот сообраќаен режим улицата Христо Татарчев која води од крстосницата кај бифе Марија до Интернатот е еднонасочна во тој правец на движење, улицата Никола Карев во правец од бензинската на Брако до крстосницата со Борис Трајковски, до влезот во ОУ Васил Главинов е еднонасочна во тој правец. Еднонасочна е и улицата 11-ти октомври од споменикот на Бауман до фабриката Брако и истата улица од кафе бара Сама со Трговскиот во Населба.
Tweet |