речник контакт

Нов туристички портал за можностите на Вардарски плански регион

Срцето на Македонија“ (http://srcetonamakedonija.mk/) за сместувачките комплекси, мотели и хотели во регионот, информација за ресторани, информации за манастирските комплекси, црквите, спомениците

Петар Печков

Центарот за развој на Вардарски плански регион креираше  туристички веб портал и календар на настани, во чии рамки изработи и веб портал за Вардарскиот плански регион. Овој портал веќе  гласи „Срцето на Македонија“   
(http://srcetonamakedonija.mk/).

Тој ги содржи сите групи на туристички производи, со соодветни фотографии и краток опис, информации за сместувачките комплекси: мотели и хотели во регионот, локација и информација за ресторани, информации во областа на култура за манастирските комплекси, црквите, спомениците, галериите и многу други информации кои што ќе  помогнат за развој на туризмот во Вардарскиот регион.

Истиот постојано ќе се надополнува со информации од страна на вработените на единиците за локален економски развој од сите општини од Вардарскиот регион, како и од страна на вработените во Центарот.

Во Вардарскот плански регион во кој се опфатени девет општини, а со седиште во Велес  постојат изворедни услови за развој на транзитниот и алтернативниот туризам, кои можат да обезбедат негова конкурентност како туристичка дестинација.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »