речник контакт

Нов член на Советот е Никола Наков

Тој доаѓа на местото од Зоран Љутков, кој поради тоа што стана министер за кутлура, си поднесе оставка

Петар Печков

Новиот член на Советот на Општина Велес, Никола Наков денес, петок, даде свечена заклетва и стана полноправен член на највисокото општинско тело.

Тој доаѓа од листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на местото на Зоран Љутков, кој откако стана министер за кутлура, бидејќи тие две позиици се неспоиви, си поднесе оставка.

Наков е дипломиран менаџер по бизнис и логистика при УГД Штип, работи во приватна осигурителна фирма. Тој на листата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ  е како тогашен претседател  во 2021 год. на Унијата на млади на ВМРО-ДПМНЕ Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »