Петар Печков
Објавено: среда, 19 јуни 2024
Новиот член на Советот на Општина Велес, Трајче Миланов денес, среда, даде свечена заклетва и стана полноправен член на највисокото општинско тело.
Тој доаѓа од листата на СДСМ и коалицијата на местото на Ќирил Гајдов, кој по поразот на партијата си даде оставка од позицијата член на Советот. Сега координатор на советничката група на СДСМ е Пандорка Прличкова.
Трајче Миланов е магистер по геодезија а токму на овој ден требало и да му биде врачена магитерската диплома, но поради обврските во Советот, не можел да замине за Скопје.
За соработката со Гајдов се заблагодари градоначалникот Марко Колев и најави соработка и со Миланов.
„Не се заблагодарив на Ќирил Гајдов, кој две години ја извршуваше позицијата координатор на советничката група на СДСМ и беше советник. Му посакувам и успех во животот и работата и на професионлано и приатно поле. На новиот советник Миланов, му посакувам добредојде. Успешена работа и соработка“- кажа Колев.
Tweet |