речник контакт

Нова, деветта книга по ред на Крлевски -Крилести Крлевизми

Три афоризми од новата книга на Крлевски Го фативме последниот воз, а тој на слеп колосек. Купивме смарт фрижидер. Ноќе се отвара со лозинка. Убава си како предизборно ветување!

Петар Печков

На крајот од месец август излезе од печат деветтата по ред книга афоризми на Атанас Крлевски „Крилести Крлевизми“. Книгата е  во издание на Академски печат од Скопје.

Содржи околу 500 афоризми поделени,  како и сите негови книги афоризми, во три циклуси: афоризми за човекот, политиката и жената.  

Авторот на книгата Крлевски е роден 1956-та во Ташкент  а во Велес живее од 1959-та година, тој е инженер по електроника и телекомуникации.  Со хумор и сатира се занимава од 1977 година а пишувал  меѓу другото и за Остен.

За ТИРЕКОВМИ РЕЧЕ авторот избра неколку афоризми:

Во нашиот домашен календар сите месеци се долги.

Во првиот мандат грешевме, а во вториот учевме на грешките. Во третиот, други се на власт!

Го фативме последниот воз, а тој на слеп колосек.

Дипломата може да се купи, ама пак азбуката мора да се научи.

Жена ми е како докторски ракопис. Никој не ја разбира.

Зборот служи и да се разликуваат будалите од паметните.

Јадете грав, па нека ве прислушуваат.

Јас би се оженил и пет пати, ама кој би преживеал пет тешти?

Кога се караме со жена ми, бираме зборови... од зоолошкиот атлас.

Купивме смарт фрижидер. Ноќе се отвара со лозинка.

Лесно е да бидеш министер. Тешко е да си ги пишуваш говорите.

Ми доделија значајна улога... во погрешна претстава.

Мочајте обратно. Дуваат нови ветрови.

На Балканот ако кажеш дека не пиеш алкохол, те прашуваат да не си болен.

Нашиот работодавач има смисла за хумор. Ни дава смешни плати.

Не сакам среќата да ми дојде на гости. Сакам да дојде да живее кај мене.

Потекнувам од богато семејство - семејство со пет деца.

Со жена ми сме ветер и магла. Кога таа ќе се појави, мене ме снемува.

Тештата секогаш ја испраќам емотивно. Со солзи - радосници!

Три пати ветувам вечна љубов, а матичарот - истиот!

Убава си како предизборно ветување!

Што ако воздухот е загаден! Па од воздух не се живее.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »