Петар Печков
Објавено: петок, 17 октомври 2014
30-тина бегалци од Сирија и Палестина, вчеравечер и утрово биле откриени во патнички воз на Македонски железници. Тие биле симнати на Железничката станица со возот кој синоќа во 21,10 и утрово во 6,30 допатувал од Гевгелија а возел за Скопје. Сите биле со уредни патни билети.
МВР го потврди настанот, додавајќи дека биле откриени 27 лица. Бегалците биле на различни возрасти,без документи и тврделе дека се од Сирија и Палестина. Околу 10 часот биле префрлени за Гевгелија и вратени за Грција.
Бидејќи повеќето немале никаков документ, со себе носеле легитимација која им ја издале грчките власти, а со која им служи за идентификација и имаат рок да ја напуштат нивната земја за 30 дена. Врз основа на оваа легитимација, Грција добива средства од ЕУ за справувањето со бегалците.
Ова е четврта група на бегалци кои се откриени на железничката станица во Велес, за еден месец и половина. Нивната бројка е повеќе од 200 лица.
Tweet |